ВМРО-ДПМНЕ го поддржува членството на Македонија во НАТО, интеграциите во Европската унија и во Алијансата се од стратешки интерес за земјава, истакнато денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на средба со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг
Мицкоски посочил дека договорот со Грција е неприфатлив за партијата и е надвор од нејзините познати принципи и начела и оти ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот за негово неприфаќање, соопшти од партијата.
„Што се однесува до самиот став во однос на референдумското изјаснување ВМРО-ДПМНЕ привршува со процесот на широки консултации и во текот на идната недела ќе заседава Извршниот и Централниот комитет на партијата“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека сметаат оти власта треба да се посвети на подобрување на реалните области за живот што се од суштествено значење за граѓаните бидејки, како што е наведено, таму досега се забележува огромна стагнација пропратена со огромен број на афери и сомнежи за злоупотреба.