За неколку недели ќе имате референдум на кој треба да се одлучите за иднината, за вашето членство во ЕУ и во НАТО, изјави генералниот секретар Јенс Столтенберг за време на денешна посета на скопското село Стајковци, кое беше зафатено од поплавите пред две години.
„На вас е да одлучите дали ќе гласате и ќе го изразите мислењето, а НАТО е подготвен да ве прифати како 30. земја-членка“, рече Столтенберг.
Тој истакна дека на самитот во јули сите членки на Алијансата се согласиле Македонија да стане членка и да почне преговори за пристапување.
„Ако го имплементирате договорот за името, ке станете земја-членка на НАТО. Се надевам дека следниот пат кога ќе дојдам тука, ќе дојдам како земја-членка на Алијансата“, рече Столтенберг.