Скоро 41 насто од граѓаните на референдумот ќе гласаат „за“

илустрација

На претстојниот референдум 40,9 насто од граѓаните ќе гласаат „за“, „против“ се 8,6 отсто, неопределени 6,3 насто, додека два процента од анкетираните одбиле да одговорат. Без одговор биле 42,2 отсто од испитаниците. Ова го покажала најновата анкета што за телевизија Телма ја изработиле Инситутот за демократија-Социетас цивилис и Македонскиот центар за меѓународна соработка-МЦМС, а ја спроведе компанијата М-проспект. На првото прашањето во анкетата-дали ќе излезат или нема да излезат на гласање, мнозинството или 57,8 отсто се изјасниле дека ќе излезат на гласање, речиси една третина или 28,8 отсто нема да излезат на референдум, 11,2 отсто не знаат и 2,2 отсто одбиле да одговорат. Анкетата е теренска и е правена лице в лице од 7 до 25 август годинава на репрезентативен примерок од 1.000 испитаници.