Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг од вчера престојува во посета на Македонија. Предвидено е тој денеска да оствари средби со претседателот Ѓорге Иванов, претседателот на Владата Зоран Заев, вицепремиерот и министер за одбрана Радмила Шекеринска, претседателот на Собранието Талат Џафери и други високи функционери. Генералниот секретар, исто така, ќе го посети селото Стајковци - каде што во 2016 година, војниците и опремата од мисијата на НАТО КФОР помогна да се расчистат патиштата и да се пренесат остатоците по катастрофалните поплави. Предвидено е попладне Столтенберг и Заев да имаат заедничка прес конференција во Скопје.