Столтенберг пречекан со химните на НАТО и Македонија
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг попладнево пристигна во Скопје. На аеродромот го пречека министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Со свечениот пречек тој и официјално ја започна дводневната посета на Македонија во чии рамки ќе се сретне со премиерот Зоран Заев, претседателот Ѓорге Иванов, собранискиот спикер Талат Џафери и со лидери на политички партии.