Тевдовски: ликвидноста на буџетот е одлична, нема потреба од ребаланс

Архива: Министерот за финансии Драган Тевдовски.

Сите макроекономски индикатори се одлични и се позитивни и се движат во позитивна насока, изјави денеска министерот за финансии Драган Тевдовски одговорајќи на новинарски прашања по потпишување на договори со општините во рамки на проект со Светска банка.

Тевдовски наведе дека индустриското производство објавено минатата недела покажало раст од осум проценти во однос на јули минатата година, а во изминатите седум месеци оваа година забележан е раст од 5,6 проценти.

„Што покажува дека во 2018 година индустријата сериозно почнува да расте во однос на состојбата во 2017 година. Исто така извозот е силен и е повисок од 10 проценти по различни месеци, некаде и повисок. Кредитирањето е силно, инфлацијата е целосно под контрола. Потоа кај даноците, кои се најдобриот индикатор дали економските субјекти ја движат економијата и работат, има одлична наплата и сериозно зголемување, согласно проекциите, а некаде и повисоки“, рече Тевдовски.

Тој додаде дека сето тоа укажува дека ликвидноста на буџетот е одлична о оти од тој аспект нема потреба од ребаланс.