Трамп ќе претседава на седницата на СБ на ООН за Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе претседава со седницата на Советот за безбдност на Обединетите нации за Иран што ќе се одржи овој месец за време на годишното заседание на Генералното собрание на ОН. Американскиот амбасадор во Светската организација Ники Хејли изјави дека САД во септември се претседавачи на Советот за безбедност каде што во текот на оваа година без успех завршија напорите за казнување на Иран поради неговата политика во регионот на Блискиот исток.