Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, како што е најавено, денеска ја почнува дводневната посета на Македонија на три недели пред најавениот референдум за промена на името на земјата и нејзиното членство во Алијансата. В петок во Македонија ќе престојува австрискиот канцелар Себастијан Курц, а ден потоа, в сабота, на Денот на независноста на Македонија и германската канцеларка Ангела Меркел.