Апелациониот суд Скопје во целост ги демантира наводите изнесени на прес-конференцијата од Никола Груевски во врска со предметот „Тенк“, оценувајќи ги како груба невистина и манипулација со јавноста
„Наводите на Груевски се со цел да го дискредитира Судот и да создаде лажна перцепција во јавноста дека судството е под притисок на власта и носи нарачани одлуки“, се наведува во соопштението од Апелација.
Од Судот информираат дека предметот е распределен кај судијата известител согласно АКМИС системот, а Советот постапува според годишниот распоред за работа на судиите донесен од страна на претседателот на Судот, согласно Судскиот деловник.
Поранешниот премиер и поранешн прв човек на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска на прес-конференција во Собранието најави дека утре нема да се појави во Апелациониот суд, а на седницата за „Тенк“ нема да присуствуваат ниту неговите адвокати зашто, како што рече, и онака одлуката е политички веќе донесена.
Груевски обвини дека власта води политичка хајка против него, а судиите се професионални, но работат, како што рече, под притисок.