Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека не го прифаќа договорот за името

Архива: прес-конференција на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ останува во рамките на веќе укажаните забелешки дела партијата не може да го прифати договорот за името, потенцирал претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при денешна средбасо Кристијан Хелбах - специјален координатор за Западен Балкан, Турција и земјите на ЕФТА во германското МНР.

На средбата била афирмирана стратешката определба на ВМРО-ДПМНЕ за интеграција на земјата во ЕУ и НАТО, а нагласени биле и силно развиените билатерални односи меѓу Германија и Македонија, како и потребата од понатамошно надградување на истите.