На вчерашната церемонија за свеченото затворање на 42-то издание на Меѓународниот филмски фестивал во Монтреал, на филмот „Ругање со Христос“ на режисерот Јани Бојаџи му беше доделена единствената награда за иновативност. Филмот ја имаше својата светска премиера на 30 август во Монтреал, а на затворањето му беше доделена наградата за иновативност. Бојаџи му се заблагодари на жирито за доделената награда.