Почнува новата учебна година

илустрација

Денеска започнува новата школска година. За прв пат во училишните клупи ќе седнат над 20 илјади основци, додека во прва година во средно училиште се запишани над 16 илјади ученици. Министерот за Образование и Наука Арбер Адеми преку видео-порака им честита на учениците и наставниците од кои побара соработка и посветеност. Адеми го повтори неговото ветување дека од овој месец платите на наставниците ќе бидат покачени за 5 насто, додавајќи дека ова е само почеток.