Да Силва не може да се кандидира за избори

Бразилскиот Изборен суд донесе одлука да му се забрани учество на поранешниот претседател Луис Инасио Лула да Силва да учествува на претседателските избори во октомври. Да Силва е фаворит и покрај тоа што е осуден на 12 години затвор поради корупција и перење на пари. Согласно бразилските закони на Да Силва му е забрането учество на избори бидејќи неговата казна е потврдена во жалбена постапка. Поранешниот бразилски претседател се надеваше дека судот ќе му дозволи да се кандидира бидејќи според него пресудата е „смешна“.