Заев ќе се повлече од политиката ако референдумот не успее

Премиерот Зоран Заев

Премиерот Зоран Заев најави повлекување од политиката доколку референдумот закажан за 30 септември не биде успешен.

„Како премиер имам мандат до 2020 година. Ако референдумот падне и не успее ние веројатно завршуваме со политиките овде. Но, зошто би ни била потребата од владеење кога ни нема иднина државата. Оттука ги црпам ставовите за одговорноста на сите главни политички чинители во државата, вклучително и ВМРО-ДПМНЕ дека мора да застане во обезбедување просперитетна иднина на Република Македонија“, рече Заев на конференцијата „Македонија гледа напред-мигот е да се фати возот за ЕУ“.

Тој уште еднаш ја повика ВМРО-ДПМНЕ да се вклучи во кампањата и да овозможи успешен референдум. Според него, не постои алтернативен пат за Македонија освен влезот во НАТО и во ЕУ.