Поранешниот висок претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина Педи Ешдаун и двајца други поранешни европски пратенци Карл Билд и Кристијан Шварц-Шилинг упатија отворено писмо до шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини по поводот предлогот за корекција на границата меѓу Косово и Србија. Тој во интервју за Радио Слободна Европа вели дека решението за Косово не може да се бара врз уривање на принципот за мултиетнички заедници. „Со тоа само ќе создадат моноетнички џепови на Балканот“, вели тој додавајќи: „Мислам дека тоа ќе покрене слични барања за корекција на границите, миграција на малцинствата и дестабилизација на некои држави. Исто така може да бидат доведени под прашалник одделни договори. На пример на Македонија наскоро и претстои многу важен референдум за нејзината иднина и можност за приклучување во ЕУ. Но, немам дилеми дека ако Прешево му се приклучи на Косово, тогаш Албанците во Тетово и Гостивар можат да кажат дека и тие сакаат да му се приклучат на Косово. Сето тоа ќе ги поткопа досегашните напори за интеграција на Балканот“, вели Ешдаун, оценувајќи дека ваквата ситуација најмногу би му одговарала на рускиот претседател Владимир Путин.