Наскоро ќе биде поставен бројчаникот на „Порта Македонија“ во Скопје, кој ќе покажува колку од украдените пари ќе се вратат во буџетот, изјави денеска премиерот Зоран Заев на новинарско прашање на прес-конференција во Владата.
„Бројчаникот ќе врти како што ќе се носат судските пресуди и како што институциите од областа на финансиските истраги ќе ги инкасираат вратените пари што биле земени од буџетот како надомест на штета“, рече Заев.
Заев додаде дека ваквото ветување дадено додека бил во опозиција ќе биде исполнето овие денови доколку се завршат правните формални аспекти, наведувајќи дека во буџетот на Владата немало пари за тоа и оти бројчаникот ќе го плати приватно од негови пари.