Меркел на турнеја по Африка

Германската канцеларка Ангела Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел со посетата на Сенегал ја почна мини турнејата по Африка во рамките на која ќе престојува и во Гана и Нигерија. Берлин се залага за развој на африканскиот континент за да запре мигрантскиот прилив и да зајакне борбата против екстремистите. Доаѓањето на мигрантите од Африка и Турција во Европа преку Средоземното море е на најниско ниво во изминативе пет години, но тоа прашање и натаму е чувствително.