Ќе се зголемат платите на вработените во основно и во средно образование за пет отсто, почнувајќи од исплатата на септемвриската плата годинава, донела од Владата одлука на денешната седница.
За покачувањето на платите во основно образование, за четвртиот квартал од 2018-тата година, Министерството за образование и наука ќе издвои 99 милиони денари, додека за покачувањето на платите во средно образование, вкупно 40 милиони денари, соопшти владината прес-служба.
На 85-тата седница, е донесена и одлука за дополнителна субвенција од еден денар за килограм предадено грозје за сортите вранец и смедеревка. Владата денеска го усвои концептот за Национална структура за водење на процесот за зачленување на Република Македонија во НАТО.
На седницата се донесени и одлуки за стипендирање на 100 талентирани ученици и 80 талентирани ученици – спортисти, кои ќе добиваат стипендија во висина од 2. 970 денари. 100 учениците со посебни потреби и 50 ученици - деца без родители ќе добијат стипендија од 2.750 денар, а 400-тини ученици ќе добијат стипендија за социјална поддршка од 2.200 денари. Стипендии се предвидени и за учениците Роми.
На денешната седница се именувани и директори на инспекторати и дирекции.