Косовска опозиција поднесе барање за седница за границата

Собранието на Косово.

Косовска опозицијата го поднесе барањето за вонредна седница против намерата за повреда на територијата на Косово. Седницата треба да се одржи на 4 септември, три дена пред средбата на претседателите на Србија и на Косово во Брисел.

Шефот на пратеничката група на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) Авдулах Хоти на Фејсбук објави дека го поднеле барањето за вонредна седница за да го изразат институционалниот став против повредата на територијата на Република Косово. Опозицијата очекува резолуцијата да се поддржи со над 80 гласа во 120-члениот Парламент.