Наредниот месец разговори за новиот устав на Сирија

Мировниот пратеник на ОН за Сирија, Стафан ди Мистура

Мировниот пратеник на ОН за Сирија, Стафан ди Мистура, планира да организира разговори меѓу претставниците на САД и шест други држави на кои ќе се разговара за новиот сириски нацрт-устав. Тој закажа еднодневен состанок на 14 септември во Женева со високи претставници на САД, Велика Британија, Египет, Франција, Германија, Јордан и Саудиска Арабија, соопшти денеска портпаролката на ОН, Александра Велучи.

Де Мистура исто така на 11 и 12 септември треба да се сретне со претставници на Русија, Турција и Иран.

Де Мистура исто така треба да формира комитет за нацрт-устав на Сирија, откако за тоа доби одобрение и од сириската влада и од опозицијата.

Досегашните негови напори за окончување на сирискиот конфликт не вродија со плод. Стотици илјади луѓе досега загинаа во седумгодишната војна кога почна со владиното задушување на протестите во март 2011 година.