Алијансата за Албанците ќе го поддржи референдумот

Зијадин Села и Арбен Таравари

Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села по централното собрание на партијата, денеска изјави дека донеле одлука да го поддржат референдумот, закажан за 30 септември, но дека имаат забелешки за потпишаниот договор со Република Грција.

„Ниту Владата на Република Македонија, ниту пак Владата на Грција немаат легитимитет да решаваат за националноста и јазикот на граѓаните. Ние конкретно имаме забелешки на овие две точки од договорот со Грција“ рече Села.

Во врска со најавениот блок за спроведување на кампањата за поддршка на референдумот, од страна на албанските партии, не е донесено одлука дали партијата ќе се приклучи, рече Села.

Тој кажа дека не му е важно колку пари ќе добијат од вкупната сума што Владата ја дава на Собранието, за спроведување на капањата за референдумот.