Во рамки на традиционалната манифестација „Денови на Св.Мајка Тереза”, што се одржува од денеска до петти септември, владина делегација, по повод одбележувањето на 108 години од раѓањето на Мајка Тереза, положи цвеќе на Спомен плочата на местото на нејзината родна куќа, како и на споменикот и нејзиното светилиште во Феудалната кула во Скопје.
Владината делегација присуствуваше и на свеченото доделување на државната награда „Мајка Тереза”, кое се одржа во Собранието на Република Македонија.
Мајка Тереза, родена како Гонџа Бојаџиу во Скопје, во 1910 година, е симбол на милосрдието, хуманоста и солидарноста, и нејзината посветеност да им помага на луѓето без разлика на нивната национална, етничка или религиска припадност останува вечна порака за меѓусебно помагање и обединување на сите граѓани.
Мајка Тереза беше прогласена за светица од Папата Франциск во 2016 година