СДСМ денеска излезе со соопштение во кое се вели дека претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски е лицемерен и оти го уценувал изборот на ДИК со Законот за финансирање на партиите, а денеска глуми загриженост.
До реакцијата дојде откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на својата Фејсбук страница напиша дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се откаже од владините средства за референдумска кампања.
Од СДСМ наведуваат дека пред да се расфрла со лицемерни ставови, Христијан Мицкоски пред јавноста треба да го соопшти неговиот и ставот на неговата партија за референдумот и најважното прашање во историјата на независна Македонија.
"Колку е лицемерен Мицкоски и изгубен во политичкиот простор покажуваат фактите. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски го условуваа формирањето на Државната изборна комисија со барањето да се донесе закон за финансирање на партиите со пари од Буџетот. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски го доведоа во прашање распишувањето на референдумот со кочењето на изборот на ДИК" се вели во реакцијата на СДСМ.