Дитмире Шеху, потпретседателка и член на привремениот состав на Државната изборна комисија (ДИК), предложена од ДУИ, изјави дека работата на организација и спроведување на референдумот закажан за 30 септември се одвива според роковите и оти досега нема непредвидени ситуации.
Шеху, во инттервју за МИА вели дека дека Избирачкиот список не е идеален, но оти во него нема фантоми.
"Ве уверувам фантоми нема, не е сигурно идеален, но фантоми нема. Ќе ви кажам пример од населеното место кај што доаѓам. Питарница се вика населбата. На мојата лична карта е Питарница 1, на брат ми Питарница 5, на сестра ми 3, значи живееме во иста куќа, на иста адреса. Можеби некој друг има исто Питарница 1. Кажано е во МВР каде што вадевме документи. Освен тоа колку што знаеме повеќето од куќите особено беа дивоградби. Во МВР за да излезат во пресрет им ваделе лични карти на луѓето"вели Шеху.
Што се однесува до вработувањата пред референдум, Шеху вели дека овде не се работи за избори, туку станува збор за референдум кој се спроведува на државно ниво и нејзин став е дека вработувањата не влијаат на процесот на референдумoт.
Избирачкиот список во кој ќе бидат извршени сите промени кои произлегуваат од јавниот увид отпечатен во вид на изводи, ДИК треба го заклучи најдоцна до 7 септември. Избирачкиот материјал ќе се достави 72 часа пред одржување на референдумот, а гласањето на дијаспората ќе биде на 29 септември.
Во меѓувреме, заврши јавниот увид во Избирачкиот список,, како и пријавувањето на иселениците за гласање.