Братислав Живковиќ, командант на парамилитарната група Четници, бил уапсен под сомневање дека организирал група Срби кои им се придружиле на проруските сепаратисти во војната против украинските владини сили, соопшти српското Министерство за внатрешни работи. 42 годишниот Живковиќ, според некои наводи, им се придружил и на руските сили во преземањето на контролата врз Крим кога Москва го анeктира овој украински полустров во 2014 година. На лице кое учествувало во странска војна, според законите во Србија, му се заканува казна затвор од една до осум години.