Шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати на средбата со претставници на политичките партии на Албанците од Прешевската Долина, ставил до знаење дека Албанија не ја поддржува идејата за промена на границите или размена на територии меѓу Косово и Србија. Во соопштението од средбата јасно се покажува дека официјална Тирана, ја гледа Долината и во иднина како дел од територијата на Србија, за разлика од она што беше кажувано во текот на овој период за нејзина размена со северот на Косово. Исто така, се нагласува дека министерот Бушати ги уверил соговорниците дека албанската држава, за нив ќе продолжи да бара од Србија да им го даде она што им следува.