На полноќ завршува увидот во Избирачкиот список и пријавувањето на иселениците

Државна изборна комисија ДИК.

До Државната изборна комисија преку веб апликацијата www.dijaspora.sec.mk, досега се пријавени 2.437 граѓани за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство. Од нив, 2392 пријави се прифатени, 39 се одбиени, а останатите пријави се во обработка.

Најголем број пријави се за гласање во Берн - 256, Љубљана - 213, Лондон - 127, Торонто - 136, Виена - 108, Канбера 99 итн. Пријавувањето трае до вечер на полноќ. Гласањето во странство ќе се спроведе на 29 септември во дипломатско-конзуларните претставништва и конзуларните канцеларии на Република Македонија во кои се прифатени најмалку 10 пријави за гласање.

Од ДИК информираат и дека заклучно со вчерашниот ден вкупно 4.959 граѓани извршиле увид во податоците во Избирачкиот список. Најголем број граѓани увид извршиле во Струмица - 509 , Битола - 454, Карпош - 431.