Лидерот на Исламската држава повика на продолжување на џихадот

Абу Бакр ал Багдади, архивска фотографија

Лидерот на Исламската држава Абу Бакр ал Багдади ги повика приврзаниците да го продолжат џихадот. Ова порака е прво негово огласување за една година. Претходната негова порака беше емитувана на 28 септември минатата година. Тој тогаш ги повика борците истерани од големите делови на Сирија и Ирак да им дадат отпор на непријателите. Веднаш потоа ИД го загуби Мосул во Ирак. Багдади веќе неколку пати е прогласуван за мртов. САД за апсење на Багдади имаат распишано награда од 25 милиони долари.