Европскиот комесар за проширување Јоханес Хан за МИА изјави дека жали поради недостатокот на национално единство околу референдумот за Договорот со Грција и им порачува на граѓаните да го искористат своето право на глас за да ја обликуваат сопствената иднина и иднината на државата.
За Хан, како што јави дописничката на МИА од Брисел, референдумот е избор меѓу иднина свртена кон ЕУ и изолација.
"Ова е избор меѓу пат свртен кон иднината на ЕУ интеграцијата со конкретни бенефити за граѓаните како владеењето на правото, атркативност за странските инвеститори и повеќе и подобри работни места и пат свртен ко изолација, стагнација и пропуштање на единствена шанса за подобрување и напредок во клучни области", вели Хан за МИА.
Еврокомесарот овој избор исто така го спореди со избор меѓу националистички концепти и интеграција во ЕУ и НАТО.
" Изборот е помеѓу држење до стари националистчки концепти или прифаќање на иднината на земјата, со реформи и со интеграција во ЕУ и НАТО како краен чекор. Ова не е наметнато од ЕУ или од меѓународната заедница. Евроатлантската интеграција беше воспоставена како стратешка цел на земјата одамна. На граѓаните е да одлучат дали оваа перспектива со сите нејзини конкретни бенефити ќе се материјализира или не", вели Хан.
Тој се надева дека граѓаните кои се уште не одлучиле како ќе гласаат, ќе се информираат за последиците од нивниот глас.
Прашан што мисли за движењето кое повикува на бојкот на референдум, одговара дека жали поради опструкциите.