Димитров по средбата со Помпео: американска поддршка за НАТО

Министерот за надворешни работи Никола Димитров во Вашингтон имаше официјална средба со државниот секретар Мајк Помпео

Министерот за надворешни работи Никола Димитров во Вашингтон имаше официјална средба со државниот секретар Мајк Помпео, во текот на која неговиот американски колега даде силна поддршка Македонија наскоро да стане 30-та членка на НАТО. „Ова е многу важен момент за македонската дипломатија. Со државниот секретар Мајк Помпео имавеме средба што силно охрабрува“, изјави Димитров, наведувајќи дека тајмингот на средбата е од огромна важност. „Како што е познато, фокусирани сме на домашните задачи. Потребна е победа на референдумот кој ќе го потврди Договорот што го постигнавме со нашите пријатели од Грција. Македонија има намера да стане рамнопрвна членка на воената алијанса, и нашите американски партнери даваат целосна поддршка во тоа“, изјави Димитров. Помошникот државен секретар за европски прашања, Вес Мичел, го поздрави својот македонски колега за успешниот Договор помеѓу Македонија и Грција постигнат во Преспа. „Како еден од архитектите на Договорот, министерот Димитров играше критична улога во целиот процес. САД силно ги поддржуваат напорите на македонската Влада. Ја цениме улогата што Димитров ја игра во целот процес и САД пожелуваат и се надеваат на успешен референдум“, изјави Мичел за МИА.