Во првите седум месеци од оваа година компаниите во Македонија добиле поврат на ДДВ од 12,7 милијарди денари, односно над 206 милиони евра, со што во 2018 година се инјектирани 2,5 милијарди денари повеќе во однос на минатата година, соопшти Министерството за финансии.
Оттаму велат дека тоа е за 24 отсто повеќе во однос на истиот период лани и оти ова е значајна инјекција на ликвидни средства во стопанството. Од Министерството истакнуваат дека повратот на ДДВ се прави навремено и неселективно.