Во Македонија претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне на места нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните и северните планински делови. Дневната температура ќе се движи од 22 до 36 степени. Во Скопје и околината слично време со температура до 34 степени.