Армијата на Република Македонија ја прослави 26-годишнината како Армија на држава со НАТО покана да стане 30-та земја членка, рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска, на денешната прослава на Денот на македонската армија.
„АРМ е тивок дипломат кој помогна во голема мерка во одработувањето на поканата за членство на Македонија во НАТО. Овој јубилеј АРМ го прослави со повисоки плати, со зголемен буџет за одбраната и преземена обврска тој и понатаму да се зголемува, со исправени неправди, обезбедени средства за нови униформи и опремување на македонската војска“, рече Шекеринска.
АРМ изминативе три дена, со бројни активности, го одбележа својот 26-годишен јубилеј.