Под урнатините на мостот во Џенова, Италија, пронајдено е телото на 30-годишен маж, со што бројот на жртви се искачи на 42-ца, откако ноќеска, спасувачките екипи ги пронајдоа и телата на трочлено семејство, објави ДПА.
Новинската агенција АНСА јави дека телата биле пронајдени во автомобил што бил смачкан од бетонски блок, а се работело за семејство што одело на одмор, но локалните власти не можеа да ја потврдат информацијата.
Спасувачките тимови и екипите за пребарување на урнатините стравуваат дека десетици лица сѐ уште се наоѓаат под урнатините.