Албанската Национална агенција за храна во пристанишниот град Драч, блокираше увоз на 27 тони пилешко месо, објавија новинските агенции, повикувајќи се на информациите во локалните медиуми.
Од месото, кое е потекло од Бразил, веднаш по пристигнувањето земени се мостри и од анализата било утврдено големо присуство на салмонела.
Контејнерот во кој било сместено месото бил вратен во земјата на потекло.
Во изминатиот перидот од годинава Агенцијата блокираше и врати назад седум контејнери или вкупно 180 тони месо. Од Бразил годинава во Албанија увезени се 259 контејнери со месо и сите се контролирани и анализирани.