Усвоени правилата за рекламирање за референдумот

Илустративна фотографија

Агенцијата за медиуми (АВМУ) го усвои упатството за начинот на работа на радиодифузерите за референдумската кампања.

Радијата и телевизииите ќе може да одвојат 9 минути за јавна пропаганда за референдумот, во еден час емитувана програма

Агенцијата укажува дека деветте минути за платена јавна пропаганда треба да се поделат на две еднакви половини. Едната за субјектите кои ќе агитираат да се одговори „ЗА“ на референдумското прашање, а другата за оние кои ќе агитираат против или „ЗА БОЈКОТ“.

Според АВМУ, радиодифузерите можат и да одбијат емитување на пропаганда, ако со неа се загрозува националната безбедност, се повикува на воена агресија или на оружен конфликт, ако се поттикнува или шири дикриминација, нептрпеливост или омраза, или се врши злоупотреба на деца за политички цели.

Платената програма не смее да се емитува во информативни емисии.