Податоците во Избирачкиот список во подрачните канцеларии на Државната изборна комисија (ДИК) до денеска на пладне ги провериле 2.658 граѓани, додека преку веб страната на Комисијата односно електронски тоа го направиле 11.481 граѓанин, наведе ДИК на денешна седница.
Исто така беше потенцирано дека увидот што трае до 23 август на полноќ се одвива без проблеми. Паралелно тече и пријавувањето на иселениците за гласање на референдумот, кои до денеска за изјаснување се пријавиле 1.112 македонски државјани. Од нив 1.088 се прифатени. Меѓу ДКП-та каде има повеќе пријавени се Берн - 87, Виена 69, Лондон, Берлин.