Стандардите на НАТО предизвик за АРМ
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
На одбележување на годишнината од Армијата на Македонија, претседателот Ѓорѓе Иванов порача дека се потребни повеќе средства за одбраната согласно стандардите на НАТО, додека министерката за одбрана Радмила Шеќеринска рече дека се направени големи исчекори кон членството во Алијансата. Генерал мајор Васко Ѓурчиновски кој, беше назначен за началник на Генералштабот, вети дека ќе работи согласно стандардите на НАТО.