Трамп на критиките на медиумите одговори со нов напад

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ги критикуваше медиумите откако американските весници координирано ги осудија неговите напади врз новинарите кои тој ги обвини дека шират лажни вести. Во исто време, Сенатот едногласно усвои резолуција во која се вели дека медиумите не се непријател на народот како што ги оцени претседателот Трамп.