Албајрак: Турските банки се здрави, а Турција ќе биде посилна од кога било

Архивска фотографија- министерот за финансии на Турција Берат Албајрак

Министерот за финансии на Турција Берат Албајрак им изјави денеска на меѓународните инвеститори на телеконференцијата дека Турција ќе излезе од „курсните осцилации“ посилна отколку кога било. Албајрак денеска на телеконферецијата разговараше со неколку илјади инвеститори, за да ги извести за моменталната состојба на турската економија.

Албајрак на инвеститорите им рекол дека турските банки се „здрави и јаки“ и дека приоритет ќе остане борба против инфлација, удвојување на структурните реформи и со тоа монетарната политика.

Меѓународните инвеститори се загрижени поради големиот надворешен долг на Турција и одлуката на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на централната банка да не и дозволи да ги зголеми каматите во цел поддршка на валутата, што стручните лица го сметаат за неопходно.