Граѓанската асоцијација МОСТ денеска ги повика граѓаните да ги проверат своите податоци во Избирачкиот список во подрачните канцеларии на Државната изборна комисија, како и на интернет-страницата http://izbirackispisok.gov.mk. Увидот во Избирачкиот список за претстојниот референдум трае до 23 август.
Од МОСТ информираат дека како и на сите изборни процеси, на бесплатната телефонска линија 080 080 080 граѓаните ќе можат да пријавуваат евентуални нерегуларности поврзани со референдумот.
Асоцијацијата МОСТ досега има набљудувано национални и локални избори и референдуми. Оттаму наведуваат оти се надеваат дека асоцијацијата ќе даде придонес кон обезбедување на повисоко ниво на транспарентност на целокупниот референдумски процес.