До денеска до 13:00 часот до Државната изборна комисија се доставени вкупно 862 пријави од македонски државјани за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва во странство, соопштуваат од ДИК.
Оттаму наведуваат дека од нив, 836 пријави се прифатени, 19 се одбиени, а останатите се во обработка. Најголем број пријави се доставени за гласање во Берн - 72, во Лондон - 69, во Торонто - 57, Љубљана - 48 и Канбера - 36. Пријавите се поднесуваат преку веб-апликацијата www.dijaspora.sec.mk.