Почната постапка за јавна набавка на инсулин, глукагон, инсулински игли и ленти за мерење шеќер, како и инсулински пумпи со потрошен материјал за периодот од септември 2018 до септември 2020 година, соопшти денеска Министерството за здравство.
Оттаму истакнуваат дека постапката и процедурите се соодветно испланирани, согласно бројот и потребите на пациентите и граѓаните и оти пред да биде распишана јавната набавка контактирани се граѓанските здруженија кои дале свои мислења.
Од Министерството велат дека согласно побарувањата во тендерската документација првпат по шест години се очекуваат нови лекови за дијабетес, како што се инсулини и ампуларна терапија. Исто така се нагласува дека до завршување на постапката за јавна набавка ќе има доволни количини инсулин во сите инсулински аптеки.