Италијанските спасувачки екипи соопштија дека најмалку 26 луѓе го загубија животот кога вчера се урна дел од надвозникот во Џенова, додека пет луѓе се во болница и биле во тешка состојба. Повеќето од жртвите биле во возилата кои паднале од надвозникот. Шефот на цивилната заштита Анџело Борели изјави дека околу 35 автомобили и три камиони биле на надвозникот кога тој се урнал. Некои сведоци изјавија дека тоа се случило поради удар на гром.