ЕУ го поздрави ослободувањето на опозициски политичар во Азербејџан

Илгар Мамадов

ЕУ ја поздрави одлуката на азербејџанскиот суд за ослободување на опозицискиот политичар Илгар Мамадов по поминати повеќе од пет години во затвор. Портпаролката на ЕК, Маја Коцијанчич изјави дека ЕУ заедно со Европскиот совет го следела одблиску неговиот случај. Мамадов, кој е лидер на опозициската Републиканска алтернатива беше осуден на 7 години затвор за помагање за организирање на немири.

Судот донесе одлука наредните две години тој да биде под условна казна при што нема да му биде дозволено да ја напушти земјата. Мамадов изјави дека одлуката не е целосна победа и неговите адвокати ќе бараат целосно ослободување.