Пријави до ДИК доставиле 742 иселеници за референдумот

Гласање на избори

До ДИК досега се доставени вкупно 742 пријави од граѓани за изјаснување во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство за претстојниот референдум за името. Според ДИК, од нив, 702 пријави се прифатени, 11 се одбиени, а останатите се во обработка.