Федералното истражно биро го отпушти долгогодишниот специјален агент Питер Страк, некогашен член на тимот за истрагата за наводното руско мешање во американските избори поради пораки во кои го критикувал тогашниот претседателски кандидат, а сега претседател на САД Доналд Трамп. Страк беше во тимот на специјалниот советник Роберт Мулер кој ја води истрагата за наводното мешање на Русија во претседателските избори и евентуалната поврзаност на изборниот штаб на Трамп со Москва. Тој беше отстранет од тимот пред една година кога всушност и беа откриени неговите пораки со адвокатката на ФБИ Лиза Пејџ со која бил во врска.