Владата и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања по извештајот на ГРЕКО

Корупцијата во општеството ја рашири претходната власт. Владата целосно спроведе три препораки од ГРЕКО за една година, онолку колку што претходната власт спровела за цели четири години на ниво на сите институции, се вели во денешното соопштение на Владата во врска со најновиот извештај на ГРЕКО, телото за борба против корупција на Советот на Европа.

По соопштението на Владата за извештајот на ГРЕКО, во писмена форма реагираше и опозициската ВМРО-ДПМНЕ: „Единствено нешто на што е посветена Владата е криминално прелевање на државните пари во џебовите на министрите, преку компаниите и организациите на нивните соработници“.

Ви извештајот на ГРЕКО беше наведено дека во Македонија „нема опиплив напредок“ во оваа област и оти само шест од деветнаесет препораки се имплементирани. ГРЕКО смета дека резултатите во Македонија се „очигледно разочарувачки“ и ги повикува властите да преземат конкретни мерки во однос на препораките дадени пред четири и пол години.