Се залагам за разграничување со Албанците, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ истакнувајќи дека тоа не го крие и оти тоа е политиката што ја претставува.
„Да имаме територија за која не се знае како се третира и што кому му припаѓа, тоа е секогаш извор на потенцијални судири и проблеми, изјави денеска Вучиќ во Шид додавајќи:
„Дали таа политика ќе добие поддршка од народот или не, јас се залагам за разграничување со Албанците“, изјави Вучиќ.
Според него, дали во тоа ќе се успее „не зависи од нас и оти „за танго се потребни двајца.“ Тој истакна дека решението за Косово мора да биде сеопфатно, а не едноставно ниту упропастено.