Македонија нема опиплив напредок во борбата против корупцијата, оценува телото за борба против корупцијата на Советот на Европа ГРЕКО во својот најнов извештај.
Во него се наведува дела резултатите во Македонија се “очигледно разочарувачки“ и ги повикува властите да преземат конкретни мерки во однос на препораките дадени пред четири и пол години. Советот на Европа вели дека само шест од деветнаесет препораки се имплементирани.
„Во однос на пратениците ниедна од препораките не е имплементирана ниту делумно, освен кодексот за пратениците. Што се однесува во судиите и обвинителите, извештајот констатира дека земјата направила ограничен напредок, се вели во соопштението.
ГРЕКО го истакнува усвојувањето на амандманите за законот за Судскиот Совет, ги посочува и контроверзните поврзани за Државната Комисија за спречување на корупцијата и недостатокот на напредок во изјавите за имоти и интереси.
ГРЕКО заклучува дека ниското ниво на усогласеност со препораките е “глобално незадоволително“ и бара од шефот на делегацијата за Македонија да презентира нов извештај за напредокот во имплементацијата на препораките, најдоцна до 30 јуни 2019.